Имено, во 06.00 часот, при претрес во куќа и помошни простории каде живеат двете лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени: една автоматска пушка кал.7,62 мм со две рамки и 50 куршуми, една ловна пушка кал.16 мм, еден пиштол 7,62 мм со една рамка и 22 куршуми и еден пиштол 7,65 мм со една рамка.

Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.