Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до 12 ноември 2022 година ќе оствари официјална посета на вооружените сили на Република Италија.

Како што информира Министерството за одбрана, за време на работниот престој генералот Ѓурчиновски ќе го посети НАТО корпусот за брзо распоредување во близина на Милано, додека во Рим ќе оствари официјална средба со началникот на генералштабот на ВС на Италија, адмирал, Џузепе Каво Драгоне.

Генералот Ѓурчиновски во Рим ќе ја посети највисоката воена образовна институција на Италијанските ВС-Центарот за високи одбранбени студии, каде пред 10 години и самиот дипломираше, при што пред студентите ќе одржи предавање.

-За време на средбите со военото раководство ќе се разговара за можностите за продлабочување на воената соработка, за облиците и можностите за понатамошни заеднички активности. Досегашната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и ВС на Република Италија е на континуирано високо ниво, особено во областа на военото образование и обуката, како и заедничко учество во мировните операции, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.