На одбележувањето на денот на општината присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Сакам да ви се заблагодарам за присуството на 25-годишнината од постоењето на општина Градско во независна суверена Република Македонија. За нас ова беше голема чест и присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господин проф. д-р. Христијан Мицкоски, изјави денеска градоначалникот на општина Градско Киро Нацков.
-Ние денеска прославуваме 25 години од нашето постоење, релативно млада и мала општина. Но, тука во центарот на Македонија претпоставувам дека маме прилично големо значение заради нашата местоположба, заради структурата на населението, заради нашиот мултикултурен аспект кој што го поседуваме, заради културите кои што се испреплетуваат тука во изминатиов временски период . Па, се надевам со новата Влада на професорот Христијан Мицкоски која што ќе биде во наредната 2022 година ќе имаме поголема поддршка и како општина и како население во сите наши проекти кои што ни се предвидени за реализација во наредниот период.
Се надевам дека со нови луѓе, со нови сили ќе направиме повеќе и за општината, ќе направиме повеќе и за Македонија, рече Нацков.