Вкупно 1.443 гранати и бомби од Првата светска војна биле пронајдени на местото Тумбе Кафе, во просторот на поранешната касарна во Битола.

Како што соопшти полицијата, во средата во 10:38 часот пиротехничар од битолското одделение на Дирекцијата за заштита и спасување го пријавил случајот во СВР Битола.

На локацијата биле пронајдени и безбедно подигнати 540 минофрлачки гранати, 371 рачна бомба и 532 тромблонски гранати.

Сите експлозивни средства потекнуваат од Првата светска војна.