Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 9.372 лица биле тестирани за коронавирус, од кои 110 се позитивни.
Има 12 пациенти на респиратори.
Вкупно 283 лица се хоспитализирани.
Според официјалните податоци, уште две лица починале во последните 24 часа од последиците на коронавирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 7.061, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.