Новите бројки покажуваат дека британскиот здравствен систем првата доза од вакцината им ја дал на 25.273.226 лица, а станува збор за вакцините нна „Фајзер„/„БиоНТек“ и „АстраЗенака“. Во меѓувреме, веќе 1.759.445 лица ја добиле и втората доза од вакцината.

Статистиката се однесува на периодот од 8 декември до 16 март, соопшти британското Министерство за здравство и социјална грижа.

Ова значи дека 26,5 милиони луѓе или речиси половината од возрасната популација веќе се вакцинирани, во земја со население од околу 53 милиони.

– Оваа најнова пресвртница е неверојатно достигнување – претставува 25 милиони причини да бидеме сигурни во иднината, бидејќи внимателно го отвораме општеството, рече премиерот Борис Џонсон.