Според податоците со кои располага Би Би Си, над 300.000 случаи биле пријавени кај истражителите од март до мај оваа година. Британската Влада не знае колку од нив ги прекршиле правилата за карантин, без да можат да ги пронајдат.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека има за цел да изврши ревизија на сите патници за кои постои сомнеж дека не ги почитуваат правилата.

Меѓутоа, министерот за внатрешни работи во сенка, Ник Томас-Сајмондс, истакна дека бројките добиени од Би Би Си ги „потврдуваат нашите најлоши стравови“ во врска со „лабавата гранична политика“ на Владата.

Претходно оваа година, Владата во Лондон воведе нови правила за луѓето кои доаѓаат од странство во обид да го спречи ширењето на коронавирусот и новите мутации кои се појавуваат во земјата.

Луѓето кои пристигнуваат од земји со висок ризик, кои се наоѓаат на „црвената листа“, мора да бидат ставени во карантин. Оние кои доаѓаат од „жолтата листа“ – или области со среден ризик – мораа да се изолираат 10 дена и да обезбедат докази за негативни тестови на Ковид-19.

Од 17 март до 31 мај, повеќе од милион луѓе пристигнаа во Англија и Северна Ирска од земјите на „жолтата листа“.

Податоците за овој период, добиени според законите за слободен пристап до информации, покажуваат дека 301.076 случаи биле проследени до истражителите поради потврка дали се во самоизолација.