Според странски медиуми, во авионот имало околу десетина патници.

Аеродромот во Кабул беше сериозно оштетен за време на хаотичната евакуација на повеќе од 120.000 луѓе, што заврши со повлекување на американските сили на 30 август. Талибанците се обидоа да го вратат во функција со техничка помош од Катар и други нации.

Катар ервејс изведе неколку чартер -летови од Кабул минатата недела, превезувајќи претежно странци и Авганистанци кои ја пропуштија евакуацијата. Авганистанска авиокомпанија ги продолжи домашните услуги на 3 септември.