Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 3349 нови инфекции со коронавирус
Според тамошните медиуми, речиси секој втор тест бил позитивен, а починале уште шест лица.
Со 7416 тестови, откриени се 3349 заразени лица, односно 45,2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо од пред седум дена кога имало 2529 новозаразени со 41,8 отсто позитивни тестови, потврди Националниот институт за јавно здравје.
Според експертите од Медицинскиот факултет во Љубљана, бројот на откриени инфекции се удвојува во една недела.