Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2026 година изнесува 70.827 денари во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври 2026, која изнесува 70.358 денари, и е зголемена за 469 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница изнесува 86.202 денари, од кои за станарина, вода, електрична енергија и греење се потребни 21.754 денари.

Според минималната кошница на ССМ, за храна и пијалаци домаќинствата трошат 25.902 денари, за сметки 6.379 денари, за транспорт 5.105 денари