Оштетен пат, комплициран терен. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска истакна дека во најскоро време ќе започне целосната реконтрукција на патот Валандово-Струмица.
Тој посочи дека патот, кој оди преку Валандовско Брдо, во моментов е оштетен и во лоша состојба.
-Екипи на Јавното претпријатие за државни патишта извршија увид, ја скенираа состојбата, направивме проект и очекувам во најскоро време да излезе повикот со кој треба да се избере изведувач кој ќе направи целосна реконструкција на овој пат, истакна Николоски.
