Вицепремиерката Славица Грковска, имаше разговори со грчкиот министер за дигитализација и правда и најави дека во Македонија ќе има средби со домашни антикорупциски институции за воспоставување соработка со Грција.

„На сите средби рековме дека ова во суштина е почеток или отворањето на вратата за поинтензивна соработка, ќе останеме во контакт, кога ќе се вратам ќе имам средба со антикорупциските институции за да може со секоја од нив, со оглед на тоа дека ние сме задолжени за координација, да детектираме можни области за соработка, да ги ставиме на хартија и потоа понатаму да продолжиме да бараме кој ќе биде најдобриот модел за остварување на таа соработка“, вели вицепремиерката.

Грковска беше импресионирана од искуството на Грција во справувањето со случаите на корупција и нивните ефективни механизми за процесуирање на вакви случаи.

Таа ја истакна важноста да се учи од реформите во Грција и нивната координација во адаптирањето на европското законодавство. Двете земји се заинтересирани да го изнајдат најдобриот модел за соработка, вклучително и формирање на заеднички комисии. Вицепремиерот го спомена и интересното искуство со дигитализирање на личните карти во Македонија, на што во моментов работат.

„Во моментов сме насочени е воведувањето на електронска лична карта и која паралелно ќе оди со софтверско решение, кое ќе функционира како читач и истовремено воведување на т.н. „wallet“, односно паричник“, рече вицепремиерката .