Акциите на „Амазон“ пораснаа за 4,7 проценти откако Пентагон објави раскин на договорот, со што нето богатството на Безос се зголеми за 8,4 милијарди долари за само еден ден.
Безос, кој официјално се повлече од функцијата главен извршен директор на Амазон на почетокот на оваа недела, но го задржа 10,3 проценти од акциите во компанијата, сега вреди 211 милијарди долари, што е историски рекорд откако Блумберг почна да ја следи во 2012 година нето-вредноста на светските милијардери.
Претходното рекордно ниво, од 210 милијарди долари, кратко го држеше извршниот директор на Тесла, Елон Маск во јануари оваа година, но неговото богатство оттогаш падна на само 181 милијарда долари, што го прави втор најбогат човек во светот, пред францускиот могул за луксузни производи Бернард Арно, кој е „тежок“ 168,5 милијарди долари.
Пентагон во вторникот објави дека раскинува договорот вреден 10 милијарди долари, познат како Заедничко одбранбено инфраструктурно претпријатие (ЈЕDI), што го потпиша со Мајкрософт во 2019 година.