Мирјана Најчевска оцени дека состојбата во Гостивар не е изолиран инцидент, туку последица на долгогодишно лошо владеење и неодговорно управување со државата. Во објава на социјалните мрежи таа порача дека проблемите се наталожувале со години и дека за нив одговорност сносат повеќе власти.

Најчевска тврди дека актуелната состојба е резултат на „многу години и многу власти кои крадат, лажат и ги манипулираат граѓаните“. Според неа, граѓаните треба да се потсетат на тоа секогаш кога по изборите се слави победа.

Во својата реакција таа ги спомена СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ДУИ и ВЛЕН, обвинувајќи ги дека ја довеле државата во состојба што, како што вели, е далеку од европските стандарди.

Најчевска употреби и тешки квалификации за политичарите, нарекувајќи ги „убијци на вашите деца“. На крајот од објавата ги повика граѓаните да се спротивстават на ваквите политики и да застанат во одбрана на иднината на своите деца.

 

 

Извор: Скопје1