По смислената провокација на Бугарија пред Илинден, професорката Мирјана Најчевска прашува дали луѓето уште мислат дека Бугарите треба да влезат во Уставот, пренесува Фактор.

Уште мислите дека треба Бугарите да влезат во Уставот како луѓе чии предци се бореле за самостојна и независна Македонија и кои ќе ја градат иднината во која ќе биде промовиран и заштитетн посебниот културен и историски идентитет? А она лакејчето на мафијата Османи кое се обидува да ни подметне руска опција како алтернатива на европската доколку не ги ставиме Бугарите во Устав, нека оди малку нека му ги раскажат извештаите за руското влијание во Бугарија (не велам да прочита бидејки тоа би бил преголем интелектуален напор за него и секако ги надминува неговите капацитети). Извинете, ама ЕУ која присилува една држава на ваков чин на понижување има голем вредносен проблем кој мора да биде разрешен. Немој погрешно да ме разберете. ДА за за најголем дел од ЕУ вредностите и НЕ за политикантсвото во ЕУ. И секако НЕ за мафијашката Русија заглибена во калта на историјата од која тешко ќе се извлече“, пишува Најчевска.