Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 велат дека јавен обвинител веднаш по опожарувањето на возилото издал наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите.

Тие додаваат дека меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото.

Надлежен орган да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата. Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности, велат од ОЈО.