Двете жени од Полска, кои претходно беа пријавени како исчезнати на Водно, се пронајдени и безбедно вратени во Скопје, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

„Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, двете лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во Градот Скопје“, изјави Али.