Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово. Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството.
Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот, информираа од Обвинителството.