Несреќа се случи кај „Мајчин дом“ во Аеродром. На пешачки премин, автомобил удрил во лице кое во тој момент поминувало. На булеварот има паднат велосипед, како и насобрани случајни минувачи. Оставена е и празна количка за бебе.

Булеварот „Јане Сандански“ е прооден во две ленти. Присутни се и полициски службеници, кои прават увид.

„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме детали.