Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, порача дека дел од опозициските структури самите се препознале во изразот „општествен талог“ и оцени дека нивната политика се темели на ширење хистерија, страв и безнадежност.

„Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност. Се обидува да нѐ убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора постојано да остане заробена во разочарувања и понижувања“, напиша Петрушевски.

Според него, најголемиот пораз за политиките што се потпираат на страв и неверување е народ кој верува во сопствените можности и во иднината на државата.

„Македонија не се гради со лаги, цинизам и неверување. Македонија се гради со работа, знаење, одговорност и резултати“, наведе Петрушевски.

Тој додаде дека обврска на власта е да создава држава во која успехот ќе се вреднува, способноста ќе се наградува, а надежта ќе биде посилна од обидите за наметнување безнадежност.

„Најголемата победа над талогот не е во кажаните зборови. Најголемата победа е успешна Македонија“, порача Петрушевски.