Во голем пожар што синоќа избувна во магацин за контејнери во југоисточниот дел на Бангладеш загинаа најмалку 16 луѓе, а повеќе од 150 се повредени.

Пожарот се случи во контејнерски објект во Ситакунди, на 40 километри од пристанишниот град Читагонг, предизвикувајќи големи експлозии, што ги оштетија куќите во близина.

Се уште е непозната причината за пожарот.