На десетици илјади жители на Сиднеј им било кажано да ги напуштат своите домови поради големите поплави.

Во последните две недели Нов Јужен Велс и Квинсленд се погодени од обилни дождови кои предизвикаа поплави во кои животот го загубија 20 лица.

Ситуацијата сега се влошила и во Сиднеј.Повеќето од загинатите биле пронајдени или во поплавени куќи или во автомобили кои се обидувале да ги поминат поплавените патишта.

Синоптичарот на бирото за метеорологија Дин Нараморе најави дека следните 24 часа, па дури и 48, ќе бидат тешки“.

Тој прогнозираше до 120 милиметри дожд низ Сиднеј во следните 24 часа, велејќи дека очекува невремето да трае до среда навечер.