Најмалку 30 луѓе изгореа, а десетина се повредени откако три автобуси се судрија во северната нигериска држава Кадуна, соопштија днеска властите.
По ударот три возила се запалиле. Меѓу жртвите има и деца.
Сообраќајните несреќи се чести во Нигерија. Во најголем дел тоа се должи на лоши патишта, брзо возење, непочитување на сообраќајни правила, но и на лошо одржување на возила.