Најмалку 33 мигранти загинаа откако бродот со кој се превезувале во текот на ноќта се превртел во близина на брегот на италијанската област Калабрија.  Силните бранови исфрлиле 27 тела на брегот во провинцијата Кротоне. Спасувачките екипи до сега успеале да спасат 40 мигранти но се стравува дека бројката на загинати ќе биде поголема имајќи предвид дека според информациите кои ги споделуваат преживеаните на бродот имало над 100 луѓе.

Станува збор за мигранти од Иран, Пакистан и Авганистан кои тргнале кон Европа преку море користејќи ја медитеранската рута за која се верува дека е најопасниот начин да се влезе во Европа.

 

Илјадници семејства останаа без струја по силното невреме кое вчера вечерта со зафати северниот дел на САД. Откажани се над 2000 летови а уште 15.000 се одложени поради силните снежни наноси. Сообраќајот се одвива отежнато во целиот северен појас на САД, од државата Вашингтон па до Бостон на другиот брег. Меторолошките служби јавуваат за студени ветрови со брзина над 80 километри на час кои на одредени места создаваат студ еднаков на минус 40 степени.

Големи проблеми снегот предизвика во Калифорнија каде снежните бури се вистинска метеоролошка реткост. Медиумите јавуваат дека во Лос Анџелес околу 85.000 семејства останале без струја.

 

Полицијата во Хонк Конг уапси три лица за убиството на една од најпопуларните азиски маненеки 28 годишната Аби Чои. Делови од нејзиното тело рано утрово биле пронајдени во фрижидер заедно со пили за сечење на месо. Локалната полиција се уште трага по останатите делови од телото кои се претпоставува дека се на повеќе локации. За убиството се сомничи нејзиниот поранешен сопруг и неговите родители. Тие во моментов се во притвор и во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред локалниот суд.

Аби Чои имала големо влијание на азискиот пазар а нејзините фотографии ги краселе насловните страници на најпопуларните модни магазини.