Земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди централниот дел на Филипините, при што официјалниот број на жртви се зголеми на 60, соопшти денеска претставник на цивилната заштита.
На прес-конференција, тој нагласи дека бројот на загинати останува „променлив“ бидејќи пристигнуваат нови извештаи од службите за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Стотици потреси продолжија да го погодуваат Себу Сити откако синоќешниот земјотрес го погоди градот.