Мохамед Ламран Бах, од Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне (НДМА), за Си-Ен-Ен кажа дека во инцидентот се повредени и други лица, од кои неколку се во критична состојба.
Ивон Аки-Сојер, градоначалничката на Фритаун, на Фејсбук напиша дека е „погодена од веста за експлозијата на патот Баи Буре, откако камион што превезувал гориво се судрил со друг камион“.
„Видеата и фотографиите од социјалните мрежи се болни за гледање. Упатувам сочувство до семејствата на жртвите од експлозијата. Нека душите на починатите почиваат во совршен мир“, додаде Аки-Сојер.