Десет пациенти загинаа во пожар во ковид одделение на болница во западна Индија.

Пожарот се случи во градот Ахмеднагар. Околу 17 пациенти имало на одделението за интензивна нега кога избувнал пожарот. Останатите пациенти се префрлени на одделението за ковид-19 во друга болница. Поранешниот државен секретар за здравство, Девендра Фаднавис, на Твитер изрази сочувство и повика на „строга акција“ против одговорните.

Пожари во ковид болници имаше во повеќе земји. Во Романија за година дена имаше три пожари во ковид болници. Пожар имаше на ковид одделение во бугарскиот град Русе.