Најмалку 99 лица загинаа при експлозијата на цистерна со нафта во близина на Фритаун, главниот град на африканската држава Сиера Леоне. Десетици лица се повредени откако, според изјавите на сведоците, голема маса народ дојде да ја собира нафтата што тече.

Несреќата се случила откако автобус се судрил со цистерната во Велингтон, предградие на Фритаун.

Според Интензивната нега, во мртовечницата во болницата Конот биле донесени 92 тела, а за околу 30 жртви со тешки изгореници не се очекува да преживеат.