Неколку лица се повредени во напад со нож во возот „Интерсити експрес“ (ICE) на линијата меѓу Регенсбург и Нирнберг, соопшти денеска германската полиција.

-Возот е запрен и моментално се наоѓа во градот Зауберсдорф, во Баварија, изјави портпаролот на Федералната полиција.

Според него, полицијата околу девет часот утринава добила информација за напади врз патниците во возот ICE и набрзо уапсила маж кој нападнал и ранил неколку лица, но веќе нема никаква опасност за луѓето.

-Во моментов нема дополнителни информации за лицата инволвирани во настанот, изјави портпаролот на полицијата.

На местото на настанот се уште се присутни голем број полициски службеници.

Портпаролот на германските железници – Дојче Бан, изјави дека линијата Регенсбург-Нирнберг е затворена од девет часот наутро, а возовите се застанати и чекааат на железничките станици.