Во сообраќајна несреќа на романски автобус во Бугарија, загинаа четири лица, а најмалку осум се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Автобусот кој удрил во автомобил паркиран покрај патот се враќал во Романија од Истанбул. Откако удрил во автомобилот, автобусот удрил во дрво.
Несреќата се случила на автопатот што ги поврзува градовите Велико Трново и Русе, соопшти бугарската полиција.
Три лица загинаа на самото место, а едно подоцна им подлегна на повредите.
Во автобусот имало 24 патници и двајца возачи, а сите повредени се хоспитализирани. Покрената е истрага за откривање на причините за судирот.