Најмалку седум лица, меѓу кои и едно девојче, се убиени денеска во израелските напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

– Нападот на израелскиот непријател врз градот Саксакие во регионот Саада резултираше со смрт на најмалку седум маченици, меѓу кои и едно мало девојче. Петнаесет лица, меѓу кои и три деца, се ранети, се вели во соопштението на министерството.

Порано денеска, биле убиени сириски државјанин и неговата 12-годишна ќерка.

– Сирискиот државјанин и неговата 12-годишна ќерка, кои беа нападнати, успеаа да избегаат од првиот удар, но дронот нападна втор пат, убивајќи го таткото, а потоа и трет пат, усмртувајќи го девојчето, соопшти министерството.

Нападите се случуваат за време на примирјето што го прогласија Израел и Либан.