Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени откако автобус излета од патот Цетиње – Будва во Црна Гора денеска во 12:10 часот.

Како што пренесува „Вијести“, во тек е излекување на повредените патници од возилото. Според нивните информации во автобусот имало околу 30 патници.

На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица се и припадници на специјалните полициски единици.