Координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини, информира дека пациентите имале предходни хронични заболувања, а дел од нив дошле во лоша здравствена состојба. Покрај големиот број смртни случаи, продолжува и растечкиот тренд на хоспитализации.

Влошувањето на епидемиолошката состојба повторно ги собра на состанок членовите на кризните штабови во Тетово и во Гостивар. И локалните власти не предлагаат нови мерки, туку се насочуваат кон процесот на вакцинација.

Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, по денешниот состанок истакна дека состојбата е сериозна, но под контрола.

На вчерашниот состанок тетовсакиот кризен штаб одлучи да отвори повеќе пунктови за вакцинација.

Свадбените и други прослави, без почитување на мерките и протоколите, според епидемиолозите се причина за четвртиот бран на пандемијата. Бројот на новозаразени во тетовско-гостиварскиот регион постојано расте, така што вчера се евидентирани вкупно 3 258 активно болни лица.