Делта сојот е повеќе заразен од претходните соеви, поточно, е заразен како сипаници. Покрај тоа, брзо се реплицира во телото и кај заразените луѓе, големи количини на вирусот се наоѓаат во носот и грлото, пренесува Н1.

Д-р Ендрју Т. Чан, епидемиолог и лекар во болница во Масачусетс, е еден од истражувачите во студијата што се занимава со симптомите на ковид-19. За време на истражувањето, тој следеше милиони заразени луѓе во САД, Велика Британија и Шведска, кои преку самата апликација ги внесуваат симптомите што ги чувствуваат по инфекцијата.

Резултатите, кои уште не се прегледани, покажуваат дека вакцинираните луѓе се добро заштитени од соеви на делта и дека развиваат многу благи симптоми и побрзо го надминуваат коронавирусот.

Д-р Чен посочи дека симптомите по инфекцијата со вирус на делта се различни од досега пријавените.

– Меѓу вакцинираните возрасни, сега гледаме симптоми кои се повеќе слични на обичната настинка. Луѓето уште пријавуваат кашлање, но повеќе течење на носот и кивање. „Тие уште се жалат на главоболки и болки во грлото, помалку треска и губење на мирис и вкус, вели д -р Чен за „Њујорк Тајмс“.