Од другите општини во земјата, најмногу заболени во моментов има во Прилеп, па во Кавадарци и во Охрид. Што се однесува до бројот на починати од ковид-19, најмногу смртни случаи има во Прилеп, па во Куманово, а од скопските општини на врвот е Гази Баба, покажуваат податоците кои МКД.мк ги доби од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Бројот на активни случаи заклучно со вчера изнесуваше вкупно 13.909, а на починати 3.403 лица.
Во Скопје најмногу заболени има во Аеродром-1.261, во Центар и Карпош има по 1.017, во Гази Баба 924, во Кисела Вода 880, а во Ѓорче Петров 591. Од општините низ државата Прилеп е во моментов најмногу активни случаи-899, потоа е Кавадарци со 599, Охрид со 491, Куманово со 450 и Неготино со 421 активен случај на ковид-19.
Податоците од ИЈЗ покажуваат дека по општини, на врвот на листата по смртни случаи од ковид-19 е Прилеп со 252 починати, па Куманово со 173, Битола со 144, а во Скопје најмногу починати има во Гази Баба-142.
Во продолжение се податоците за состојбата со ковид-19 во сите општини во државата.