Во периодот од јануари до август 2026 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава е зголемен за три проценти, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 3,2 отсто.
Вкупниот број ноќевања покажува раст од 3,7 проценти. Притоа, кај домашните туристи е забележано зголемување за 2,2, а кај странските за 5,7 отсто.
Според податоците од ДЗС, само во август годинава се евидентирани 244.513 туристи кои оствариле 934.042 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 46,4 отсто биле домашни, а 53,6 проценти биле странски. Бројот на ноќевањата изнесувал 934.042, од кои 70,8 отсто биле остварени од домашните туристи, а 29,2 отсто од странските гости.
Во текот на август, најголем број туристи дошле од Турција (45.747), по што следуваат туристите од Србија (13.166), Романија (7.457) и Германија (7.324).
