Еден Азар дојде во 2019 година пристигна во Реал Мадрид. Клубот за него издвои 115 милиони евра. Така, Белгиецот стана најскапиот играч во историјата на Реал, поскап од Кристијано Роналдо и Герет Бејл, платен трипати повеќе од Лука Модриќ и Тибо Куртоа и речиси пет пати повеќе од Тони Крос.
Шпанците по завршувањето на првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот, меѓу Реал и Барселона, објавија неверојатен податок. За четири години во Мадрид, Еден Азар не одиграл ниту една секунда против најголемиот ривал Барселона.
Синоќешниот „Ел Класико“, беше десетто откако Азар е во Реал, го помина, како и претходните девет, на клупата за резерви.
Од моментот кога пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, поранешниот играч на Лил и Челси, за Реал одиграл само 73 натпревари.