Утрово најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, потоа -4 во Крушево и -3 Маврови Анови.

Следат Битола, Прилеп, Крива Паланка и Берово со 0 степени, 1 во Охрид, Претор, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Струмица, Кавадарци, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Дојран, Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд за изминатите 24 часа до 07 часот наврнал во Маврови Анови (59 л/м2), 50 Струмица, 45 Битола, 43 Демир Капија, 30 Кавадарци, 29 Гевгелија, 28 Крушево, 27 Берово, 23 Крива Паланка, Штип, 22 Виница, 20 Дојран, Прилеп, 16 Скопје Петровец, 11 Ѓуриште, 10 Тетово, Куманово, Велес, Попова Шапка, 9 Претор, 8 Скопје Зајчев Рид, 5 Охрид.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 48 см има во Маврови Анови, 39 во Крушево, 21 Попова Шапка, 13 Ѓуриште, 4 Берово и 3 см во Крива Паланка.

Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h), а локално ќе има појава на голомразица. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.