Фудбалерите на Црвена Звезда загубија од Манчестер Сити (2-3) во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако европскиот првак допатува со резервен состав во Белград, сепак трибините беа преполни.

Оваа можност најверните навивачи на Црвена Звезда, популарните „Делии“ упатија моќна порака до англискиот клуб. Тие им напишаа: „Кога фудбалот не се вртеше само околу парите… Црвена Звезда, светски првак во 1991“.

Сити кој има арапски сопственици е познат по потрошените огромни суми за трансфери. Тие во изминатата деценија потрошија преку една милијарда евра за нови фудбалери.

Извор: Гол.мк