Дефиниција за совршенство не постои, особено кога станува збор за убавина. Но, уште од древните времиња постои „формула“ за пресметување – колку нечие лице е идеално, со чија помош откривме и кои познати „убавици“ и „убавци“ имаат најпропорционални лица.
Идрис Елба
Старите Грци ја припишувале убавината и привлечноста на лицето на концептот на „златниот пресек“ – математичка константа (фи) еднаква на приближно 1,61, којашто ја користеле многу уметници за да постигнат рамнотежа во нивните дела – најчесто скулптури и слики. За да ја провери релевантноста на оваа формула денес, познатиот естетски хирург Џулијан де Силва, ја спореди со познати мажи и ги сподели десетте кои, судејќи по оваа мерка, се најубави.
Така, мажот со најсовршено лице и оценка од 92,15 отсто е глумецот Роберт Патинсон, можеби најпознат по улогата во серијалот филмови „Самрак“. – Тој е прв во сите категории поради изразените црти на лицето и убаво обликуваната вилица, смета докторот.
Хенри Кавил
На второ место е Хенри Кавил, со коефициент на убавина од 91,64 отсто. Трет е Бредли Купер со 91,8 отсто, а веднаш под него со 90,51 отсто е Бред Пит.
Следуваат Џорџ Клуни со 89,91 отсто, Хју Џекмен со 89,64 отсто, Дејвид Бекам со 88,96 отсто, Идрис Елба со 88,01 отсто, Кање Вест со 87,94 отсто и на последното, 10. место – Рајан Гослинг со 87,48 отсто.
Кање Вест
Златниот пресек го користеле многу уметници, како што се Леонардо да Винчи, Микеланџело, Ботичели и Салвадор Дали.
Рајан Гослинг