Колумбиската „кралица на кокаинот“, Гризелда Бланко ќе го привлече светлото на вниманието со својата животна приказна во новите продолженија на серијата „Narcos“ на „Нетфликс“, а неа ќе ја игра нејзината позната сонародничка – Софија Вергара, која доживеа вистинска трансформација.

Во оваа сезона ќе ја запознаеме снаодливата Гризелда, која го создаде еден од најуспешните нарко-картели во историјата.

Интересно, таа беше позната како грижлива мајка, а комбинацијата на шарм и дивјаштво ѝ помогна да го балансира едноставниот семеен живот со опасната работа.