Eпидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции, соопшти денеска Министерството за здравство

Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информираат од Министерството и додаваат дека во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци.