Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,66 метри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,58 мети кај Преспанското Езеро. Со тоа, водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е 6 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), а на Охридско Езеро е 3 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 (мнм).
Минимално намалување на водостојот во споредба со вчера бележат и најголем дел од реките во земјава.