Гувернерот Волц доби ветување за независна истрага по пукањето во Минеаполис
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп се согласил да размисли за намалување на бројот на федерални агенти во државата и ветил дека ќе разговара со Одделот за внатрешна безбедност за да се обезбеди независна истрага на државните служби за пукањето што се случи во саботата, објавија американските медиуми.
„Потребна е непристрасна истрага за пукањата во Минеаполис во кои се вклучени федерални агенти и бројот на федерални агенти во Минесота мора да се намали“, рече Волц.
Двајцата службеници разговарале по телефон, а Трамп оцени дека тоа бил „добар разговор“. Неговиот коментар претставува значајна промена во тонот, бидејќи претходно постојано ги критикуваше демократските службеници на Минесота, јави Си-Ен-Ен.
Намалување на бројот на федерални агенти
Канцеларијата на Волц соопшти дека претседателот се согласил да разговара со Одделот за внатрешна безбедност за да „се осигури дека Бирото за кривични истраги на Минесота може да спроведе независна истрага, како што инаку би го сторило тоа“.
Волц додаде дека Трамп се согласил да размисли за „намалување на бројот на федерални агенти во Минесота и соработка со државата на покоординиран начин за спроведување на законите за имиграција против насилни криминалци“.
Според Си-Ен-Ен, Трамп ги повика Волц и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, да соработуваат повеќе, како и да ги „предадат“ сите недокументирани имигранти во федерален притвор. Волц истакна:
„Одделот за корекции на Минесота веќе ги известува Службите за имиграција и царина кога лицето ставено во нивен притвор не е државјанин на САД“.
Федералните агенти за имиграција во Минеаполис убија демонстрантот Алекс Прити во саботата, а друго убиство се случи на 7 јануари кога беа застрелани 37-годишната Рене Гуд.
