Вчера се случила тепачка меѓу четири жени вработени во Општата болница Кочани.

– На 13.12.2022 во 13.10 часот во СВР Штип, вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани, информираат од МВР.

МВР соопшти дека се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.