Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил ја објави програмата за чествување на Илинден на Мечкин Камен.

Во рамките на централната свеченост Илинден ќе се чествува со:

– Пригодна реч за Никола Ристаноски со пораки за Илинден
– Ансамблот на македонски народни игри и песни „Танец“
– Ансамблот на албански народни ора и песни
– Влатко Стефановски
– Воениот оркестар на Армијата.

Утре на Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбрана на Крушевската Република.

Во рамките на централната свеченост го чествуваме Илинден со:

Posted by Stevo Pendarovski on Sunday, August 1, 2021

За прв пат годинава ќе биде сменето и времето на манифестацијата која ќе биде во 18 часот, па наместо попладневни говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови.

За ВМРО-ДПМНЕ, ова е срамен и недржавнички потег, а идејата на Пендаровски е неприфатлива за лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Тој ќе остане верен на традицијата, па утре ќе присуствува во струшко Ташмаруништа и од таму како и минатата година ќе испрати порака.

Според Пендаровски била испратена покана и до ВМРО-ДПМНЕ и до Мицкоски, но засега е потврдено само присуството на делегација на ВМРО-ДПМНЕ.