ВМРО-ДПМНЕ упати серија критики кон СДСМ и партиското раководство, обвинувајќи ги за отсуство на политика, реформи и визија. Во соопштението се изнесуваат ставови и оценки за актуелните активности и насоката на делување на партијата.
Во продолжение следи целото соопштение:
„СДС со ова партиско раководство предводено од Венко Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма.
Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија.
Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партија да прават реформи и промени.
Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која се повеќе слабее, туку целиот фокус им и насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите.
По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДС успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата.
Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, ги тера СДС и Филипче да водат антидржавна политика која, освен на државата не им оди во прилог ниту на нив.
Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДС дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови.
Време е СДС и Филипче да се освестат и својата енергија да се насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто.
На Македонија и е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција.“
