–Вакцината против ковид во форма на спреј за нос може да биде достапна во есента 2022 година, по клинички тестови“, рече директорот на Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, „Вектор, Ринат Максјутов.
–Многу лаборатории ширум светот работат на вакцина во форма на капки за нос, но во моментов се тестираат на животни. Бидејќи се потребни клинички испитувања, мислам дека вакцината во форма на спреј за нос ќе биде достапна следната есен, рече директорот на истражувачкиот центар.
Центарот „Вектор“ развива и вакцина во форма на капки за нос.