Италијанската репрезентација без ниту еден официјален тренинг во Скопје ќе го очекува утрешниот натпревар против Македонија на арената „Тодор Проески“ во квалификациите за ЕП 2024, објави Екипа.
Поради лошата состојба на теренот на нашиот најголем стадион, на предлог на УЕФА, двете селекции се согласија да не ги одработат официјалните тренинзи во пресрет на утрешниот дуел на арената „Тодор Проески“.
Па, италијанските ѕвезди се одлучија вечерва само да прошетаат на тревникот на „Тодор Проески“ чисто само колку да видат каде ќе играат утре. А, македонската селекција, пак, официјалниот тренинг ќе го одработи на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во комплексот Куќа на фудбалот.
Целата фотогалерија може да ја погледнете ТУКА.