Младата македонска фудбалска репрезентација ја совлада Шведска со 1-0 на стартот на квалификациите за Европското првенство кое во 2025 година ќе се одигра во Словачка.

Избраниците на Канатларовски се изборија за голем триумф и тоа на теренот на противникот и тоа со погодокот на Николов во раната фаза на натпреварот. Фудбалерот на дански Сондерјиске ја матираше домашната одбрана уште во 7 минута. Швеѓаните потоа се обидуваа да го возвратат ударот, но нашиот тим беше добро поставен, ги одби нападите на фаворитот и дојде до огромни три бода во овој нов квалификациски циклус. Веќе за неколку дена имаме нов сериозен тест, пресметка со Холандија (12 септември) на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Во соблекувалната ечеше „Бисер Балкански“